Дијалогот меѓу Косово и Србија беше тема на разговор и на средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што се одржа во Вашингтон. По средбите со неа, тој изјави дека Европската унија и САД го поддржуваат дијалогот меѓу двете земји, но има уште многу прашања кои треба да се решат. Средбата беше искористена за разговори за безбедносни прашања, со посебен фокус на руската агресија во Украина.

“Накратко ја допревме темата на дијалогот. Многу е важно да продолжи дијалогот Србија-Косово. Не е лесно. Има уште многу прашања кои треба да се решат, но се движи во вистинска насока. Дијалогот има целосна поддршка од нашите две страни”, рече Урсула Фон Дер Лејен, претседателка на Европската комисија.

Прикажи повеќе