Разводната парница на пејачката Адел и Симон Конецки во моментов е во завршна фаза, а како што пишува „Mirror“ според судските документи, ниту таа ниту нејзиниот сопруг нема да плаќаат алиментација.
Двојката доби заедничко старателство над нивниот син Анџело. Повеќето информации за нивниот развод се држат во тајност, а притоа се наведува дека деталите за поддршката на детето се изнесени во посебна пресуда што не е отворена за јавноста.
Поранешните сопружници биле принудени да го споделат богатството од 140 милиони фунти што го стекнале за време на бракот. Иако Адел и Симон рекоа дека ќе се застапуваат себеси во случајот, пејачката сепак побара стручна помош за одредени делови од спогодбата за развод.
Да потсетиме, пејачката и нејзиниот сопруг беа заедно седум години и се венчаа во мај 2018 година, но љубовта не траеше многу долго. Откако раскинаа, Адел помина низ огромна физичка трансформација и сега изгледа потполно непрепознатливо.