атпреварите во премиерната зимска 3×3 баскет лига продолжуваат денеска во Скопје, со одигрување на третиот, претпоследен, квалификациски турнир.

Вкупно 15 екипи, од кои четири се нови ученици, ќе бидат поделени во четири групи на турнирот што претпладнево од 11 часот започнува во СРЦ „Кале“.

Четвртиот квалификациски турнир е закажан за истото место, во исто време еден месец подоцна, на 28 март, додека финалниот турнир на кој ќе биде прогласен зимскиот 3×3 шампион ќе се одржи на 24 и 25 април.

Квалификациските турнири се одржуваат во организација на Македонската кошаркарска федерација и „3×3 Macedonia“. во согласност со протоколите за заштита од  Ковид-19.