Денеска се одиграа четири натпревари од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија триумфираше со 2:4 на гостувањето кај Работнички. Македонија Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога против Скопје со 2:0, а Победа ремизираше со Академија Пандев. Брегалница имаше предност по првото полувреме против Силекс, но клубот од Кратово направи пресврт во вториот дел за конечни 2:3.
Брегалница Штип – Силекс 2:3
Македонија ЃП – Скопје 2:0
Победа – Академија Пандев 1:1
Работнички – Шкендија 2:4