Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер и со појава на магла и ниска облачност по котлините во претпладневните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и од утре дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Утре и во среда, особено долж Повардарието, ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.