Корисниците од Индустриската зона – Визбегово во Општина Бутел утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е реконструкција на водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри на улицата „1550″ во Визбегово. Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје не завршат со реконструкцијата на водоводната мрежа.
Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од 125 милиметри на улицата „Букурешка” бр. 49 во Општина Карпош, утре од 9:00 часот до завршување со активностите прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица.