Фудбалерите на Челзи претрпеа изненадувачки пораз на домашен терен денес од ВБА (2:5) во мечот од 30. коло на англиското првенство.

Сините добро го започнаа денешниот натпревар, но кој знаел дека ќе доживеат таков пораз. Челзи успеа да поведе со 1:0 во 27-та минута кога Алонсо ја погоди стативата, а топката ја испрати Пулишиќ во мрежата на ВБА.

Но, само две минути подоцна сето тоа тргна надолу за домашните, бидејќи останаа со играч помалку. Тиаго Силва доби втор жолт каротн.

Челзи ја задржа предноста, но ВБА успеа на одличен начин во судиското надополнување на првото полувреме да дојде до пресврт. Херој беше Переира кој ги постигна двата гола во продолжението и сврти на 2-1.

ВБА продолжи да игра одлично во продолжението. Гостите успеаа да поведат со 3:1 во 63-та минута, а овојпат Робинсон ја затресе мрежата на „сините“.

Само пет минути подоцна ВБА стигна и до четвртиот гол. Овој пат асистираше Переира, а голот за 4:1 го постигна Диагне.

Две минути подоцна Челзи намали на 4:2 со голот на Маунт, но ВБА повторно го имаше последниот збор на натпреварот. Имено, гостите стигнаа до нов гол во 91. минута, а конечните 5:2 ги постави Робинсон.

По овој пораз, Челзи остана четврти со 51 поен, додека тимот на ВБА е претпоследен со 21 поен и ќе има борба за опстанок во друштво на најдобрите.