Дејвид Швимер кој го глумеше Рос Гелер во култната серија „Пријатели“ откри дека снимањето започнува во април.
Новите информации тој ги откри во емисијата на Енди Коен точно една година откако за првпат беше објавено дека серијата „Пријатели“ ќе добие свое продолжение.
„Всушност за нешто повеќе од еден месец одам во Лос Анџелес каде започнува снимањето. Конечно смисливме начин како безбедно да снимаме и ќе постојат делови кои ќе ги снимаме надвор поради безбедносните протоколи“, изјави Дејвид.
За време на интервјуто Дејвид исто така откри дека Елен Деџенерис нема да го претстави собирањето, и покрај претходните најави дека тие ќе гостуваат токму кај неа.
„Не е Елен, не е Били Кристал. Можам само да откријам кај кого нема да го најавиме повторното собирање“, изјави тој.
Посебната епизода требаше да започне да се снима во август 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, сето тоа беше одложено.
Повторното собирање на „Пријатели“ ја вклучува оригиналната актерска постава Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.