Истражување направено во Данска покажало дека луѓето кои прележале корона вирус не може да се инфицираат најмалку осум месеци.
Анализата е направена врз основа на податоците за имунитетот на данските здравствени власти.
Ние многу внимателно ги следевме податоците за време на истражувањето и веруваме дека имунитетот може да трае и подолго од осум месеци – изјави заменик-директорот на данската здравствена служба, Хелене Блистед Пробс.
Данските истражувачи не сакаат да коментираат за заштитата што ја обезбедуваат вакцините, што значи дека прашањето за ревакцинација останува отворено.
Вирусот не е целосно познат, и останува многу детали да се истражат – додава Блистед Пробс
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.