реклама

Многумина се прашуваат зошто Австралија учествува на Европскиот натпревар за песна. Географски тоа нема никаква смисла, но има објаснување.

Конкурсот за песна на Европа во таа земја го следат голем број гледачи.

реклама

Дури 12 отсто од вкупната гледаност доаѓа од Австралија, па организаторите сметале дека гледаноста може да биде уште поголема доколку таа земја има свој претставник на Евровизија.

Австралија за прв пат учествуваше во 2015 година за да го одбележи 60-тото натпреварување, а беше претставена од Гај Себастијан со песната „Tonight Again“, која го зазеде петтото место. Најдобриот резултат за оваа земја на Евровизија беше второто место за Дами Им со песната „Sound of Silence“ во 2016 година.

реклама

Првично беше планирано Австралија да учествува само во 2015 година и следната доколку победи, но Специјалниот радиодифузен сервис (СВТ) објави дека ќе учествува на натпреварот и во 2016 година.

Учеството на Австралија до 2023 година го потврдија ЕБУ и СБС.

реклама