Француската национална здравствена управа (HAS) денеска препорача проширување на кампањата за вакцинација против мајмунски сипаници, нагласувајќи дека оние кои се изложени на најголем ризик од заразување со вирусот преку сексуален контакт треба да ја примат вакцината.
Мажите кои имаат сексуални односи со други мажи и транс лицата кои имаат повеќе сексуални партнери треба да се вакцинираат, наведува ХАС, додавајќи дека вакцината треба да ја примат и лица кои се занимаваат со проституција.
Досега ХАС препорачуваше само реактивна вакцинација, што значи дека штом ќе се потврди случај на мајмунска сипаница, вакцината треба да се даде на возрасни лица кои биле во контакт со заразеното лице.
Со оглед на ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и тешкотиите во следењето на контактите на заразените лица, ХАС сега препорачува превентивна вакцинација за некои групи за кои вели дека се изложени на посебен ризик.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.