Пред неколку дена Серхио Рамос официјално објави дека повеќе не е член на Реал Мадрид, па искусниот стопер е во потрага по нов клуб.

35-годишниот играч го напушти Реал Мадрид по 16 години и досега беше поврзуван со половина Европа, вклучително и клубови од Серија А. Покрај Милан, тој се поврзуваше и со Рома.

Како што објави Calciomercato.com, Жозе Мурињо наводно разговарал со својот поранешен играч и го убедил да дојде во Рома, иако се поставува прашањето дали Волчицата може да ги исполни барањата на шпанскиот дефанзивец.

ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Сити се клубови кои имаат далеку поголеми финансиски можности, но Мурињо се потпира на добрите врски со Рамос, кој сè уште нема донесено одлука за продолжување на својата кариера.

Мурињо се надева дека ќе го убеди својот поранешен студент да се пресели во италијанската престолнина, свесен, сепак, дека Рамос ќе мора да попушти пред неговите барања.

Покрај тоа, Рома не игра во Лигата на шампионите и тоа секако е една од пречките за Рамос, кој со Реал четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите.