Познатата Ким Катрал неодамна откри дека донела одлука да нема деца кога имала 41 година, токму кога глумела во серијата „Сексот и градот“. Канаѓанката, родена во Велика Британија, која во меѓувреме добила и американско државјанство по бракот со Марк Левинсон, а потоа следеше и успехот на серијата по која е најпрепознатлива денес.

EPA

Беше 1998 година. Морам да станам еден вид научен експеримент. Јас и мојот партнер моравме да имаме врска во точно и одредено време. Едноставно, немаше начин како да го сторам тоа без да останам емоционално и физички здрава и сè уште да работам по 19 часа дневно, рече 64-годишната Ким Катрал во неодамнешното интервју

EPA

Имав 41 година и сфатив дека морам да донесам одлука. И јас сакам да работам, а мојата работа беше пасош за независност, слобода и образование. Размислував за тоа кога имав 40 години, кога сценаријата пристигнаа преполовени затоа што веќе не бев млада. Улогите што ги играв порано беа на помлади жени. Тоа беше состојбата во индустријата, и во голема мера сè уште е, продолжи Ким Катрал.

EPA

Сепак, одлично е што жените денес сè уште можат да добијат улога соодветна на нивната возраст, бидејќи има се повеќе сценаристи. Кога сето тоа ќе се земе предвид, добивањето улога во серија како „Сексот и градот“, која не беше на почетокот, но подоцна стана многу феминистичка, особено кога станува збор за сексуалноста и мојот карактер, беше нешто посебно. Само што помислив дека не сум сигурна дали можам да го направам тоа, па дури и ако се држам до сè што ќе препорача лекарот, може да се случи да не успеам да ја одржам бременоста. Бидејќи тоа веќе ми се случи, решив, поради сопственото здравје, да најдам друг начин да имам деца и да бидам родител, изјави Ким Катрал.

Актерката додаде дека темпото на снимање и промовирање на серијата „Сексот и градот“ било многу интензивно и дека овој формат на работа е нов за неа. Сепак, не и е жал затоа што се забавуваше и го сакаше она што го правеше.

Иако во поголемиот дел од времето живее во Њујорк, Ким Катрал засега деновите поради пандемијата ги поминува во Канада.