Имунологот, доктор Борислав Каменов зборуваше за имунитетот, вистините и забллудите, во емисијата РТС Ординација.
Она што не смееме да го јадеме се транс мастите кои се наоѓаат во тестата, маргарините, благите…Родителот кој ќе го научи детето да јаде благо ќе направи голема штета. Тоа нашите деца ги воведува во приказната за инсулинска резистенција.
Маргаринот може да го јадете само ако го загреете и ја тргнете пената од врвот. Пченицата е штетна за телото. Лененето семе, просото, хељдата – тоа треба да се јаде. Тоа е се феноментални работи, вели тој.
Ако чувствувате дека имунитетот ви слабее, ако сте уморно, исцрпени, ви се спие тогаш направете нешто за себе на време, а доктор Каменов советува:
Корегирајте ја исхраната, почнете да пиете пробиотици. Тоа е важно. Цревата треба да бидат здрави. Ако се труете со храна најдобро ќе препознаете кога ќе застанете пред огледало и ќе го исплазите јазикот. Ако јазикот ви е бел и со бели наслаги, значи се труете со храна. Девојките кои имаат акни исто така се трујат. Сето тоа оди од цревата. А, да не зборуваме за оние на кои им прескокнува срцето, кои имаат зголемена тироидна жлезда – сите тие можат да заболат од ковид и да имаат страшни последици. Тоа може да се спречи. За еден месец може да ја поправите својата состојба, само ако на време ја регулирате исхраната, вели докторот.
Тој смета дека најдобра превенција против ковид 19 е витаминот Д.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.