Луѓето кои обожаваат газирана вода, како што честопати се нарекува во секојдневниот јазик, како бројни предности на опцијата со меурчиња во однос на обичната вода, честопати го издвојуваат нејзиниот вкус, велат дека им помага при варење на храната, а некои велат дека дури и го задоволува нивниот глад.

Иако експертите кои советуваат одредена дневна консумација на вода главно се концентрираат на природната негазирана вода, сепак постојат луѓе кои едноставно не можат да живеат без шише пенлива вода дома.

Но, колку е здрава, всушност, оваа втора опција?

Идентификувањето на минералната газирана вода со останатите газирани пијалаци, е погрешно. Додека газираните сокови од половина литар можат да имаат и до 600 калории, а содржината на шеќер може да биде поголема и од едно просечно чоколадо, додека обичната газирана вода нема калориска вредност.

Сепак, треба особено да се внимава на оние со вкус – ако водата содржи додадени вкусови, шеќер или лимонска киселина по автоматизам може да се каже дека не е здрава.

Но, газираната вода, во однос на дневниот внес на течности и калории, врши прилично добра работа. Функцијата не се разликува од онаа на обичната вода. Сепак, потенцијално крие друга опасност која не треба да се занемарува.

Постои одредена доза на загриженост во врска со верувањето дека газираните пијалаци можат да ја уништат забната глеѓ (односно надворешната обвивка на коронката на забот), но се чини дека овој ефект е позастапен кај засладените газирани пијалоци“, вели Мариса Мур, регистриран диететичар.

Студија од 2001 година откри дека газираната вода навистина предизвикува малку поголема ерозија на забите отколку негазираната вода, но нивото на оштетување сè уште се смета за ниско во споредба со другите газирани безалкохолни пијалаци.

pixabay

Друга студија, од 2007 година, открила дека газираната вода со вкус може да биде корозивна исто како и сокот од портокал. Сите ароматизирани води кои биле испитувани во студијата содржеле лимонска киселина која може да биде многу ерозивна.

Експертите велат дека покрај овој момент, пиењето газирана вода не може да предизвика други проблеми и е задоволителен начин на хидратација.

Ако сте забележале дека прекумерното пиење газирана вода ви предизвикува проблеми како надуеност, не заборавајте да ја намалите количината. Пијте по една чаша со оброк, но нека вашиот примарен извор на хидратација сепак биде обичната вода.