Се повеќе се пишува дека Јоаким Лев по ЕП заминува од клупата на Германија. Континенталниот собир се игра од 11 јуни до 11 јули, каде за прв пат ќе биде и Македонија.

А, тоа знали дека Лев нема да ги завшри квалификациите за пласман на СП во 2022 во Катар. Германија е во иста група со Македонија, а на 31-ви март им го нанесовме првиот пораз на домашен терен во квалификациите за пласман на СП во последните 20 години.

Втората пресметка помеѓу Македонија и Германија се игра во октомври во Скопје. Со оглед на тоа дека се погласни се шпекулациите дека Ханси Флик ќе се раздели со Баерн Минхен и дека на маса имал понуда од Германската фудбалска федерација, останува да се види дали тој ќе седне на клупата на „Панцирите“ и ќе ги предводи на вториот меч во Скопје.