Иако VUI-202012/01 сега е најконцентриран во Лондон и во други области на југо-источна Англија каде што се воведени нови ограничувања, нов вид коронавирус е забележан и надвор од Велика Британија.
Појавата на нов вид коронавирус на југо-истокот на Англија предизвика загриженост на глобално ниво, откако премиерот Борис Џонсон рече дека може да се прошири и до 70 проценти побрзо од оригиналната верзија.
Научниците потврдија дека мутираниот коронавирус, наречен VUI-202012/01, има поголема стапка на пренесување отколку другите форми на вирусот, пренесува Independent.
Питер Хорби, претседател на Советничката група за респираторни вируси (Nervtag), го потврди ова во понеделникот, истакнувајќи дека новиот вид „има пренослива предност во однос на другите вирусни варијанти што моментално се наоѓаат во Велика Британија“.
Мутираната верзија се пренесува побрзо
Патрик Валенс, главен научен советник во Велика Британија, исто така рече дека мутираниот вид очигледно се пренесува побрзо од другите. Но, уште поважно, новиот вид на коронавирус не предизвикува посериозна болест од другите варијанти на болеста, додаде Валанс.
Тој исто така додаде дека „нема докази дека текот на болеста е различен“.
Овие ставови беа потврдени и од професорот Крис Џонс, заменик главен медицински директор на Велс на владини конференции.
„Не знаеме со сигурност дека асимптоматските носители ќе ја манифестираат токму таа варијанта, но нема причина да мислиме дека нема да се појават“, рече Џонс, додавајќи дека досега доказите покажуваат дека новиот вид не се разликува од претходната верзија на болеста.„Па претпоставувам дека луѓето ќе бидат асимптоматски носители како порано“, рече тој.
Забележан и надвор од Велика Британија
Новиот многу заразен вид на коронавирус првпат беше откриен во септември, но стана широко распространет дури во ноември, за време на lockdown-от во Англија. Со оглед на брзината на преносот, Валанс рече дека ограничувањата во Англија треба да се засилат.
Иако VUI-202012/01 сега е најконцентриран во Лондон и во други области на југо-источна Англија каде што се воведени нови ограничувања, нов вид коронавирус е забележан и надвор од Велика Британија.
Велшкиот министер Марк Дрејкфорд во понеделникот изјави дека се потврдени повеќе од 600 случаи на новиот вид на коронавирус, а случаите досега се потврдени во Австралија, Данска и Гибралтар
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.