Сакале или не, две работи се сигурни… тие се удобни и инфулсерките ќе полудат по нив…

Познатите влечки на брендот „Birkenstock and Slides“ со потпис на Канје Вест ја добија конкуренцијата: Пристигнува уште еден модел на удобни влечки, кои ги краси името на познатиот бренд и нешто повисока цена.

Својата верзија на удобни летни обувки за секој ден исто така ја претстави и „Coach“, инспириран од неговата позната торба „Pillow Tabby“

Овој модел, кој го рекламира пејачката и актерка Џенифер Лопез, стана многу популарен на социјалните мрежи, па дизајнерите на оваа куќа решија да ја искористат таа слава.

Влечките имаат малку необичен дизајн и изгледаат многу удобно, а за нив е потребно да издвоите 85 долари.