Серхио Агуеро по десет години го напушта Манчестер Сити и веќе започна преговори со други клубови.

Искусниот аргентински напаѓач не доби нов договор со Манчестер Сити, а клубот неодамна објави дека Агуеро ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

33-годишниот напаѓач има намера да помине уште неколку сезони во европскиот фудбал, и тој сака да си наплати за тоа.

Интересот за неговите услуги е доста голем. Јувентус, Барселона, ПСЖ и екипите од Премиер лигата Челзи и Манчестер Јунајтед се кандидати за неговиот потпис, но по најавените услови, многумина ќе се откажат.

Според „Газета дело Спорт“, Агуеро побарал огромна плата на состанокот со управата на Јувентус и сака дури 12 милиони евра по сезона.

Сепак, фактот дека тој има 33 години и е склон на повреди не оди во прилог на Агуеро, па затоа е навистина тешко да се очекува Јувентус, или никој друг тим да се согласи на неговите барања.

Пандемијата низ целиот свет доведе многу тимови да ги намалат платите на играчите. Многу од нив решија да договорат кратења со играчите и оваа сезона, а платата од 12 милиони евра годишно е доста висока.

Агуеро очигледно сака да заработи уште неколку пари пред да се врати во Аргентина и останува да видиме дали ќе се најде клуб што е подготвен да му ја исплати оваа бројка.

Серхио Агуеро порасна во Индепендиенте од каде пристигна во Атлетико Мадрид летото 2006 година како тинејџер. По пет години во Атлетико, тој потпиша за Сити, а трансферот изнесуваше 40 милиони евра.

Овој Аргентинец е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити бидејќи на 385 натпревари постигна 257 голови, и додаде уште 73 асистенции.

Со Сити ги освои сите трофеи во Англија, но го промаши оној што најмногу го посакува – трофејот во Лигата на шампионите.

Неговата последна шанса е оваа сезона во која Граѓаните ќе го бараат финалето во дуел против ПСЖ.