Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија во Студио 10 на ТВ24 истакна дека вакцинираните лица ќе имаат поблаг тек на болеста.

Досега најшироко најраспространета е вакцината на „Фајзер“, и таа покажува одлични резултат кои ги покриваат клиничките резултати. Вакцините не скокнаа од лабораторија вендаш на пазар, пред се тие поминаа многу клинички испитување. Вакцината е за да се намали бројот на заболени и оние кои ќе заболат да имаат поблаг тек на болеста, да не дојде до тешки состојби. Клиничките студии покажаа податоци за секоја вакцина различна ефикасност. Веќе се собираат податоци од терен и за оваа вакцина има најголем број на резултати од Израел и во оваа земја каде се милиони вакцинирани лица се следат статистиките и бројките се прекрасни, вели Петличковски.

Според него, имаме солидно ниво на колективен имунитет кој веќе достигнува 40 проценти само ни фали имунизација и да ја затвориме оваа приказна.

Британскиот сој сигурно е поодамна во нашава земја поради отворените граници,  вели докторот.

Тој смета дека касно е за воведување на нови рестрикции.

Не се очекува како што и во земјите, фокусот треба да биде ставен на поголема вакцинација. Различни симптоми од инфекцијата нема , апсолутно не се разликува по клиничката слика на самиот ковид. Ако досега се ширеше ќе имавме голем наплив во болниците, сметам дека не ни се заканува сериозна закана од новиот сој, обајснува Петличковски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.