Доктор Перица Давитков е меѓу првите Македонци кои ја примиле вакцината на Фајзер против Ковид-19. Се вакцинирал пред 4 дена во Универзитетската болница во Кливленд САД каде работи и истражува. Тој во разговор за Сител вели дека освен очекуваната болка во рамото немал никакви реакции.
Искрено се чувствувам помалку анксиознен, среќен и горд дека медицината и науката не доведоа до чекор поблиску во справување со пандемијата. Во однос на симптомите после вакцинацијата ја имав само очекуваната болка во рамото каде беше аплицирана вакцината и траеше 24 часа. Втората доза планирам да ја примам за 3 недели иако што е за Фајзер вакцината и после втората доза се очекува малку повеќе симптоми, а тоа се сепак благи како секоја друга вируза, како обична настинка, малку покачена температура, малаксаност, можна е и болка во мускулите и зглобовите и тоа ќе трае 24 до 48 часа, изјави за Сител д-р Перица Давитков, асс. проф. во Универзитетската болница во Кливленд и заменик шеф на катедрата за гастроентерологија.
Дополнителна причина поради која одлучил меѓу првите да се вакцинира е како што вели тешките и фатални последици кој ги предизвикува вирусот.
Како дел од тимот лекари се имам грижено за цели семејства заболени од вирусот кои имаа тешки компликации, гледав луѓе како умираа сами на одделите за интензивна нега. Гледајќи го сето ова одлуката да се вакцинирам беше прелесна и уште од вториот ден ја примив вакцината не со цел да се заштитам себе си и моите најблиски, туку и моите пациенти, потенцираше д-р Давитков.
Инаку, од вчера во САД се користи и вакцината на Модерна. Според доктор Давитков немало некоја голема разлика меѓу двете вакцини, имало само поголема можност за имунизација.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.