Шест лица загинаа откако Русија бомбардираше зграда во градот Торецк, во источна Украина. Во соопштението на Државната служба за вонредни состојби на Украина, се наведува дека е уништена двокатна зграда, во која имало луѓе. Спасувачките екипи извлекоа пет загинати лица. Три лица се спасени од урнатините, а едно од нив починало во болница. Торецк, град со 30.000 жители, се наоѓа на околу 50 километри јужно од Краматорск, еден од последните градови под контрола на Украина на истокот на земјата.

Advertisements

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти дека ги разрешил генералниот обвинител и шефот на Службата за државна безбедност. Овие отпуштања доаѓаат по информациите дека десетици луѓе од безбедносните служби сега работат против украинските интереси на териториите окупирани од Русија.

„До денес се регистрирани 651 кривична пријава за предавство и соработнички активности на вработени во Обвинителството, истражните органи и други органи на прогонот. Конкретно, над 60 вработени во Обвинителството и СБУ се на окупираните територии и сега работат против нашата држава“, рече Зеленски.

Обврските на Јавното обвинителство му се предадени на заменикот јавен обвинител Баканов, кој е пријател и поранешен деловен партнер на Зеленски.

Според британското министертсво за одбрана, Русија ги користела услугите на приватната воена компанија Вагнер, за да ја зајакне првите борбени линии. Вагнер регрутира осуденици и лица на црната листа.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, постигнаа политички договор со одобрување на уште еден пакет од 500 милиони евра воена помош за Украина, со што вкупниот износ ќе достигне 2,5 милијарди евра.

Шкелзен Аќифи