Репрезентацијата на БиХ денеска требаше да добие нов селектор, но изборот ќе почека поради прекинот на седницата на Фудбалската федерација.

Како што пренесуваат медиумите од БиХ, на седницата на Управниот одбор не се појави првиот човек на Федерацијата, Елведин Бегиќ. На седницата требаше да биде избран нов селектор на репрезентацијата, а главен фаворит за таа функција беше Бугаринот Ивајло Петев, додека конкуренти му беа Сергеј Барбарез и Славољуб Муслин.

– Имаме една катастрофална ситуација, претседателот Бегиќ е виновен бидејќи не сакаше да се избере селектор. Мора да објаснам неколку работи, беше формирана Комисија која потоа формира стручна комисија која требаше да предложи кандидати и од нив да ги избере тие што смета дека се најдобри. Таа работа беше завршена до крај. Спахиќ и Мислимовиќ дадоа два предлози, Барбарез и Петев по што требаше да се оди до крај и да се избере еден од нив. Комисијата од пет члена, со исклучок на претседателот Бегиќ донесе одлука Петев да биде предлог за селектор. На крајот имавме и седница на Управниот одбор но не го ставивме предлогот на гласање бидејќи ни беше кажано дека Бегиќ направил телефонски состанок каде било одлучено дека не е неприфатливо за Бошњаците Петев да биде избран за селектор – изјави Вицо Зељковиќ, член на Федерацијата на БиХ.