Двајца вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија работеле за Македонија да нема европска иднина. Премиерот Кирил Петков во интервју за БТВ вели дека е задоволен што агенцијата сама се справила со проблемот и двете лица веќе нема да работат по ова прашање, пишува ТВ21.

„Лицата кои беа поврзани со овој скандал, станува збор за руски интереси кои работеле во една специфична насока, а тоа е Западен Балкан да немаат европска иднина и нашите односи меѓу Република Северна Македонија и Бугарија да не се толку пријателски колку едни добри соседи сакаат да имаат такви односи. Од таа гледна точка тоа за мене е многу важно да се знае дека јавно имаме руска интервенција во Бугарија специфично за Западен Балкан и Северна Македонија“, вели Кирил Петков.

Истата вечер и македонскиот премиер во интервју за 360 степени ги потврдува информациите.

„Постојат поединци, постојат и групи за кои јас би кажал маргинализирани, постојат дури и политички партии во државата кои се финансирани од трети држави кои не сакаат да ја видат РСМ во ЕУ и кои работат против евентуален договор меѓу Р. Бугарија и РСМ“, порача Димитар Ковачевски.