Во штипската модуларна болница во рок од 24 часа починаа четворица пациенти, станува збор за пациенти на возраст од 66 до 89 години од Штип, Кочани и селата Лески и Подареш.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека пациентите кои се лекуваат во модуларната болница се со тешка клиничка слика, со воспаленија на двете белодробни крила и со други наоди и болести. Во моментов во болницата од 38 пациенти, само четворица не се на кислородна поддршка. Во кожното одделение се лекуваат осуммина и тоа се пациенти, кои се стабилизирани и за неколку дена се очекува да заминат дома.

Ѓеорѓијев посочува дека кон крајот на наредната недела се очекува да се стави во функција и Инфективното одделение, во кое се поставува современ противпожарен систем, со рана детекција за пожари и прскалки. Во зградата на Инфективното одделение ќе се лекуваат над 60 пациенти, а во истиот објект се враќа и одделот за Неврологија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.