Чешка од денеска им забранува влез во земјата на руски државјани со важечка шенген виза издадена од која било земја-членка на ЕУ кои патуваат за туристички, спортски или културни цели. Ова е дел од мерките на чешката влада на засиленото руско бомбардирање врз цивилни цели во Украина.

„Не можеме да ги затвориме очите пред фактот дека Русија бескрупулозно бомбардира цивилни цели во Украина. Треба да преземеме мерки кои ќе испратат јасен сигнал до Русија дека тоа не е прифатливо“, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски. Чешка беше првата земја-членка на ЕУ која на 25 февруари, ден по инвазијата врз Украина, целосно го суспендираше издавањето визи за руските граѓани.

Прикажи повеќе