По 2012 година и финалето во Минхен, „сините“ славеа во Порто против Манчестер Сити со голот на Каи Хаверц.

Додека се бараат хероите во одличната сезона на Челси, тренерот Томас Тухел треба да биде пред сите.

Германскиот стручњак дојде во средината на сезоната, благодарение на слабите резултати на тимот под водство на Френк Лампард и ги сврте работите.

Тој преку Премиер лигата успеа да го однесе тимот во Лигата на шампионите, а потоа го зграпчи трофејот.

Затоа, според британските медиуми, тој ќе добие нов и финансиски посилен договор во однос на сегашниот, кој истекува во летото 2022 година.

Челси сака да го задржи на долг рок.