ПСЖ вечерва ја започнува новата сезона во Лига 1 на гостувањето во Троја.

Парижаните силно сакаат да ја вратат титулата во новата сезона, но и да ја освојат титулата во Лигата на шампионите. Поради тоа, тие ангажираа бројни засилувања, а најголемото допрва треба да пристигне во Париз.

Лионел Меси треба да потпише договор со „светците“ во наредните денови, а фактот дека тимот на ПСЖ вечерва пристигна во Троја без нивните водачи зборува за фактот дека тоа би можело да се направи многу скоро.

Спортскиот директор Леонардо го откажа патувањето во последен момент, го нема ни првиот човек на клубот Насер Ал-Келаифи и сите се убедени дека го завршуваат трансферот на аргентинскиот волшебник.

Што се однесува до составот на ПСЖ за првиот натпревар сезонава, изгледа вака:

Навас – Хакими, Керер, Кимпембе, Дијало – Ерера, Данило, Вајналдум – Дракслер – Икарди, Мбапе.