Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во интервјуто за српскиот „Информер“ зборуваше за големиот успех на македонската А репрезентација на Европското првенство кое ќе се одржи годинава.

Воедно околу тоа кога би можеле навивачите да се вратат на трибините ширум Европа, каква е иднината на Лигата на нации, колку пари загуби фудбалот поради пандемијата на коронавирусот, што може да очекуваат клубовите од новата Конференциска лига..

Исто така зборуваше за тоа дали е можно формирање на регионална лига, дали УЕФА е против тоа, за ВАР технологијата, за т.н. „Суперлига“..

– Македонија ме изненади, беше во група со Словенија. Една добра репрезентација, добро водена и супер ми е што се пласираше на ЕП. Една мала земја која нема добра економска ситуација доби шанса да се промовира. Ретко што може да обедини народ во една држава како што тоа го можат спортските успеси – рече првиот човек на европскиот фудбал.

Нашите најдобри фудбалери на континенталниот собир се наоѓаат во група со Холандија, Австрија и Украина.