Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го предупреди милијардерот Илон Маск да не се „закача“ со рускиот претседател, Владимир Путин.

„На Илон Маск му препорачувам да не си ги мери силите со Путин. Вие воопшто не сте во иста лига“, напиша чеченскиот лидер на Телеграм, па додаде дека „најдобро е да се обучи и тоа во Чеченија, ако дојде до борба“.

Според Кадиров, милијардерот од Чеченија би се вратил како „потполно друга личност“.