Здравствената состојба на кралицата Елизабета Втора се влоши во последните неколку дена, а нејзиниот син, принцот Чарлс и внукот, принцот Вилијам и другите членови на кралското семејство беа покрај неа во последните моменти.

Кралското семејство ја потврди нејзината смрт денеска во 18:30 часот. Во соопштението за печатот од Бакингемската палата се вели:

„Кралицата попладнево мирно почина во Балморал. Сопругата на кралот и кралицата вечерва ќе престојуваат во Балморал, а утре се враќаат во Лондон“.

Кралот Чарлс даде емотивна објава.

„Смртта на мојата сакана мајка, Нејзиното Височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство. Длабоко жалиме за смртта на нашата драга владетелка и обожавана мајка. Знам дека нејзината загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот, како и од безброј луѓе ширум светот“ – рече кралот Чарлс.

Тој додаде:
„Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе се тешиме со фактот дека кралицата беше почитувана и сакана од народот“.