
Втората фаворитка и носителка на турнирот Австралијан Опен, Онс Жабер, ги заврши настапите во раната фаза на престижниот Грен Слем турнир.
Тунижанката загуби и тоа убедливо од Маркета Вондроушова од Чешка, со 1-2 во сетови (1-6, 7-5, 1-6). Доминантна беше 23-годишната Чехинка против ривалката, на која во двата сета кои ги освои ѝ препушти само два гема.
На турнирот во Мелбурн следуваат изненадувања по изненадувања и кај мажите и кај дамите. Досега многу фаворити испаднаа, сигурно е дека наскоро ќе има уште некоја сензација.