Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 2 отсто на меѓународните пазари, откако податоците за залихите во САД паднаа повеќе од очекуваното, но добивките беа ограничени поради зголемената загриженост за кинеската побарувачка и снежната бура што веројатно ќе ја погоди сезоната на патувања во САД.
Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 1,77 долари во однос на претходното затворање, на 81,76 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 1,68 долари, од 77,91 долари. Според трговски извори кои с еповикуваат на податоци од Американскиот институт за нафта, залихите на сурова нафта во САД паднаа за околу 3,1 милиони барели минатата недела.
Девет аналитичари во истражувањето на Ројтерс во просек предвидоа поблаг пад, за 1,7 милиони барели. Цените беа зголемени и од коментарите на министерот за енергија на Саудиска Арабија, кој во вторникот рече дека често критикуваниот потег на ОПЕК + за намалување на производството на нафта се покажа како вистинска одлука.
Коментарот сугерира дека ОПЕК + може да продолжи да ја затегнува понудата. Се предвидува потенцијален пад на побарувачката поради обилните снежни врнежи во големи делови на САД, што се очекува да предизвика доцнење на летовите и непроодни патишта во еден од најпрометните периоди на патување во годината.