CАД и Јамајка им се приклучија на Мексико и Панама во полуфиналето на Голд Kупот. Американците ја совладаа Канада по подобро изведување на пенали (1:1, 2:2, 3:2), додека Јамајка со минимален резултат беше подобра од Гватемала.

Драматичен беше мечот на ко-домаќините САД и Канада на стадионот во Синсинати. Во 88. минута, „локалното момче“, играчот на Синсинати Брендон Васкез ги доведе aмериканците во водство и го крена стадионот на нозе. Сите веќе ги видоа САД во полуфиналето, но потоа следуваше шок во судиското надополнување. Пенал за Канада во 90+3 и прецизен од белата точка беше Виторија. Натпреварот отиде во продолженија. Имаше и пресврт.

Во 109. минута Шафелбург постигнува гол и и носи водство на Канада.. Сепак, радоста траеше само пет минути, кога Кенеди постигна авто-гол. Во првата серија стрелците во регуларниот дел Виторија и Васкез не ги искористија пеналите. А потоа Мет Тарнер го одбрани ударот на Лијам Фрејзер. Кејд Кауел реализира пенал и aмериканците имаат предност. Потоа Милер и Расел-Роу погодија за Канада, односно Бусио и Фереира за САД. Во петтата серија Чарлс-Андреас Брим ја погоди гредата и ги испрати САД во полуфиналето.

САД во полуфиналето ќе играат против Панама, а Јамајка против Мексико. Реге Бојс победија со 1:0, а единствениот гол го постигна левиот бек на Лутон, Бел во 51. минута.

Прикажи повеќе