
Искусниот голман Бурхан Мустафа се враќа во Првата лига. По една полусезона во дресот на лидерот во второлигашката конкуренција, тимот на Гостивар, Бурхан Мустафа се сели во Струмица и ќе го брани голот на Академија Пандев.
Тој во минатото беше дел од Работнички, Борец, Дрита, Шкупи и косовскиот тим Феризај.