Обилните дождови и силниот ветер предизвикаа пораст на нивото на Егејско Море, кое ги проби крајбрежните бариери и предизвика поплави во турскиот град Измир.

Силно невреме го погоди и Истанбул, каде силниот ветер корнеше покриви, но нема повредени или загинати лица.

Турскиот метеоролошки институт денеска предупреди на лоши временски услови во повеќето од 81 провинција во земјата. Подобрување на временските услови се очекува утре.