Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска се сретна со помошникот државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, која е во дводневна посета на земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, билатералната соработка во безбедноста, единствениот одговор на НАТО против војната на Русија во Украина, заедничките енергетски проекти и антикорупциските мерки биле центрталнитѕе теми во разговорот меѓу бугарскиот премиер и помошник државната секретарка на САД.
Прес-службата на бугарската Влада потсети дека разговорот меѓу Петков и Донфрид се продолжение на серијата самити меѓу САД и Бугарија, откако премиерот Петков минатата недела го посети Вашингтон, каде се сретна со американската потпретседателка Камала Харис, претседателката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси , советникот за национална безбедност во Белата куќа Џејк Саливан и заменик државната секретарка за политички прашања во Стејт департментот Викторија Нуланд.