Во Шпанија медиумите објавија дека по 10 годишна врска и брак, Икер Касиљас и Сара Карбонеро убавата новинарка се разделуваат.Наводно причината е љубовната афера која Касиљас ја имал со бугарската манекенка Надија Александрова. Таа негирала дека била во врска со Касиљас, но изјавила дека имале чуден и посебен однос со Икер. Сепак, во едно шоу во Шпанија “Save me Deluxe” требаше да гостува, но ненадејно го откажала гостувањето од непознати причини. Сепак, ветила дека ќе има „зачинети“ приказни на оваа тема.

-Не сум причина за прекинот на нивната врска, не се чувствувам како некој кој е виновен за тоа. Никогаш не сум сакала тоа да биде објавено, но Икер е прекрасна личност и меѓу нас постои многу посебен и чуден однос, изјавила Бугарката.