Специјалниот претставник во преговорите со Бугарија Владо Бучковски, во интервју за „Утрински брифинг“ изјави дека македонската страна настојува да го исполни договорот потпишан во 2017-та година. Како што вели тој последните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев дека бугарското малцинство во Македонија има проблеми, остава впечаток дека постојано има проблеми. Сепак, како што вели тој, тоа не е така.

Ние се обидуваме во дневната комуникација што ја имаме со претставниците на бугарското МНР, и на дневна основа да демантираме дел од тврдењата кои стигаат до бугарското МНР за евентуалните проблеми кои ги имаат Бугарите во Македонија и сето тоа остава впечаток дека континуирано има проблеми. Има една тенденција постојано дел од нашите сограѓани кои се декларираат како Буари да изразуваат незадоволство од третманиот кој го имаат. Посебно во овие неколку месеци после блокадата на нашите ЕУ интеграции. Но мислам дека сфаќаат дека ова не е преовладувачката атмосфера кај нас и мислам дека тоа го сфаќаат. Проблемите се дефинитвно во изгубената доверба. Ние сме искрени во намерите да го испочитуваме договореното од 1 август 2017, изјави Владо Бучковски, специјален претставник во преговорите помеѓу Македонија и Бугарија, во интервју за „Утрински брифинг“.