Легендарниот рокер Брус Спрингстин добил казна од 540 американски долари поради пиење алкохол во национален парк каде тоа е забрането.

Суперѕвездата минатата година на 14 ноември беше уапсен, бидејќи, како што рече на рочиштето на „Zoom“ испил „две мали текили“ во „Gateaway National Recreation Area“ во Њју Џерси.

Instagram
Instagram

Спрингстин исто така беше обвинет за несовесно возење и возење под дејство на алкохол, но судот вчера ги отфрли двете обвиненија, за кои немало доволно докази, пишуваат странските медиуми.

Судијата Ентони Маутоне истакна дека пред само две години, консумирањето алкохол во националниот парк се сметало за кршење на законот.