Најмалку 12 лица, меѓу кои седум деца, загинаа откако два брода потонаа во близина на брегот на Колумбија, изјави денеска офицерот на колумбиските поморски сили, адмирал Хозе Давид Еспита.

Според него, бродовите потонале во близина на Тимакоа, второто најважно пацифичко пристаниште во земјата.

Еспита нагласи дека се трага по останатите патници на бродовите, а причината за несреќата засега е непозната и се истражува.

Тој не соопшти колку луѓе се водат како исчезнати, но додаде дека локалните власти спасиле 36 лица.