Бројот на загинати во земјотресот кој во понеделникот ја погоди Индонезија се искачи на 268. Околку 151 лице, пак, се водат како исчезнати, а повеќе од 1 000 се повредени, пишува Би-би-си.

Advertisements

Спасувачките екипи и денеска трагаат по исчезнатите лица, два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што уништи област во провинцијата Западна Јава во Индонезија.

Според соопштенијата на локалните власти, голем дел од загинатите во земјотресот се деца кои посетувале религиозни часови во џамиите по завршување на часовите во училиште.

Прикажи повеќе