Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ од Северна Митровица каде што беше во посета рече дека сака да пренесе пораки за мир, стабилност и толеранција. Брнабиќ нагласи дека сега е време да се формира Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, и рече дека тоа ќе го повторува насекаде каде што ќе оди- од Митровица до Брисел и Пекинг.

„Каде и да одам, вклучително и Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз и другите светски центри Москва, Пекинг, Абу Даби, секаде најважна и најголема тема ќе биде формирањето на Заедницата на српските општини. Ќе продолжиме да инсистираме на ова секој ден“, изјави Ана Брнабиќ, премиер на Србија.

Брнабиќ во Северна Митровица, беше примена од претставници на Српската листа – најголемиот политички субјект на косовските Срби. Ја пречекаа вработените во институциите финансирани од државниот буџет на Србија. Тие држеа плакати со зборови на поддршка, како што се: „Се додека ги имаме Вучиќ и нашата Ана, не се плашиме од ништо. Ова е прва посета на Брнабиќ на Косово откако беше избрана за шеф на српската влада во 2017 година. Посетата на Брнабиќ на северните општини на Косово дојде откако Приштина и Белград се договорија за укинување на документите за влез-излез, кои Србија им ги издаваше на косовските граѓани од 2011 година./Алсат.мк

Прикажи повеќе