Бритни Спирс откри дека има неизлечиво оштетување на нервите на десната страна од телото.
Оштетувањето на нервите на десната страна на моето тело е неизлечиво. Само Господ ќе ми помогне. Оштетувањето на нервите се случува кога мозокот не добива доволно кислород – тој буквално почнува да се исклучува, напиша таа на својот Инстаграм профил.
Таа тврди дека во просек трипати неделно се буди „со потполно вкочанети раце“ и дека се чувствува „како некој да ѝ ја прободува со игли десната страна од телото“.
Моите слепоочници исто така многу ме болат. Болката е навистина страшна, додала таа.
Сепак, таа верува дека комуникацијата со обожавателите преку Инстаграм ѝ помага да заборави на лошото здравје.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.