Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак биле во контакт со лице заразено со коронавирус и ќе работат исклучиво од нивните канцеларии, а останатото време ќе бидат во изолација и ќе се тестираат секој ден.

Британскиот министер за здравство Сајид Џавид во саботата изјави дека бил тестиран и бил позитивен на коронавирус.

– Британската национална здравствена служба (НХС) контактираше со премиерот и министерот и тие се водат како контакти со заразено лице, соопшти во неделата канцеларијата на Џонсон. Како општо правило, секој што имал контакт со заразено лице лицето мора да биде во изолација.

Џонсон и Сунак, сепак, ќе учествуваат во пилот-програма што им овозможува да продолжат да работат од канцеларијата и да се изолираат само кога не се на работа.