Во изминатите неколку дена во Англија се откриени повеќе од илјада случаи на зараза со нов вид на корона вирус. Случаите се забележани најмногу во југот на земјата.
Министерот за здравство, Мет Хенкок, соопшти дека е идентификувана нова варијанта на корона вирусот која би можела да е причина за брзото ширење на југоистокот на Англија.
Првичната анализа сугерира дека тој вид расте побрзо од постоечките. Мораме во овој момент да истакнеме дека засега нема индикации дека оваа сорта предизвикува сериозен облик на болеста, а последните клинички информации покажуваат дека е мала веројатноста мутацијата да не реагира на вакцината – изјави Хенкок.
Мутација на значаен протеин
Сепак, иако британскиот министерот за здравство нагласува дека веројатно не станува збор за опасен вид на Ковид-19, научниците, од две причини, внимателно ја следат оваа ситуација, пишува „Би-Би-Си“.
Првата причина е што овој вид се наоѓа во подрачја каде има поголем број на заразени, што би можел да биде лош знак. Имено, вирусот може да мутира на тој начин при што полесно би се ширел и со тоа предизвикува повеќе инфекции. Експертите сега работат на експерименти во лабораторија за да утврдат дали е тоа случајот.
Друга причина поради која медицинските експерти внимаваат на овој вид е начинот на кој што се создал.
Има изненадувачки голем број на мутации, повеќе од што очекувавме, а неколку од нив изгледаат многу интересно. Постојат два основни сета мутации, а и двете се наоѓаат на клучниот протеин „spike“. Овој протеин е еден вид клуч што вирусот го користи за отклучување на вратите на клетките во нашето тело за потоа да ги нападне. Во мутацијата Н501 променет е најважниот дел на протеинот. Притоа, секоја промена која му го олеснува влезот во клетките на вирусот, најверојатно го забрзува неговото ширење. Ова ми изгледа како важна адаптација – изјавил микробиологот Ник Ломан, кој е дел од тимот кој ја идентификувале оваа сорта.
Прерано е да се грижиме за овие нови варијанти
Ковид-19 постојано прави различни комбинации на мутации за да преживее и за подобро да се шири. Откако се појави пред една година во Кина, месечно поминува две мутации. Кога би го споредиле со видот кој се појави кај првите случаи во Вухан, би виделе околу 25 мутации.
како што пишува „Би-Би-Си“, почетокот на масовната вакцинација ќе изврши дополнителен притисок на вирусот, односно тој, ако сака да опстане, ќе мора значително да се промени за да би можел да ги зарази оние кои се имуни. Ако дојде до таква забрзана еволуција на Ковид-19, можеби ќе мора редовно да се менува вакцината, како што е случајот против грипот, за таа да биде ефикасна.
Некои експерти предупредуваат дека е важно да не се шири паника, бидејќи ковид-19 постојано мутира и засега не се евидентирани значајни промени.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.