Велика Британија денеска се соочува со најголемиот штрајк на здравствените работници во историјата, бидејќи десетици илјади медицински сестри и работници за брза помош ќе ги напушптат работните места поради спор за платите со владата.

Медицинските сестри и работниците за итни случаи протестираат одвоено од крајот на минатата година, но заедничкото најавено денеска, главно во Англија, ќе биде најголемиот штрајк во 75-годишната историја на Националната здравствена служба (NHS). Здравствените работници бараат зголемување на платите што треба да биде во чекор со инфлацијата во Британија, а британската влада тврди дека двоцифрено зголемување на платите во јавниот сектор ќе доведе до уште поголема инфлација.

Синдикатот на медицинските сестри бараше зголемување на платите за пет отсто над инфлацијата, иако беше кажано дека ќе прифатат помала понуда, но двете страни не успеаја да постигнат договор и покрај неколкунеделните преговори. Во исто време, илјадници работници на брзата помош најавија национален штрајк на 10 февруари поради ниските плати и недостигот на персонал, соопштија синдикатите. Беше прецизирано дека нема да штрајкуваат сите работници на Брзата помош одеднаш и дека ќе се одговара на итните повици.

Прикажи повеќе