Британскиот министер за финансии Риши Сунак следната недела во извештајот за буџетот ќе објави дополнителни пет милијарди фунти (околу 4,3 милијарди евра) за помош на компаниите кои се тешко погодени од затворањето на земјата, соопшти британската Влада.

Продавниците, баровите, клубовите, хотелите, рестораните, спортските сали и фризерските салони ќе бидат меѓу речиси 700.000 компании со право за нова директна помош до 18.000 фунти.

– Сега има светло на крајот од тунелот и овие пет милијарди фунти дополнителни грантови ќе обезбедат нашите главни улици да ги отворат вратите со оптимизам, рече Сунак.

Локалните власти во Англија исто така ќе добијат дополнителни 425 милиони фунти грантови за распределба на грантови на претпријатија кои не ги исполнуваат условите за повторна помош, додека администрациите во Шкотска, Велс и Северна Ирска ќе добијат 794 милиони фунти дополнително финансирање.

Владата веќе надмина 280 милијарди фунти за трошоци поради коронавирусот и намалување на даноците, со што долгот на Велика Британија се искачи на највисоко ниво од Втората светска војна.