Британската влада ги смени законите за заклучување без многу врева, што го олесни донесувањето одлуки за затворање пабови, ресторани, продавници и јавни места до 17 јули, објави Ројтерс повикувајќи се на британски „Телераф“.
Премиерот Борис Џонсон во петокот рече дека Владата не размислува за ублажување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени не се намалува.
– Advertisement –
Тој рече дека мерките ќе останат на сила сѐ додека Владата не се убеди дека програмата за вакцинација ефикасно го спречува ширењето на болеста.
Регулативата, која се однесува само на Англија, требаше да истече минатата недела, но сега е продолжена до 17 јули, кога започнуваат училишните летни одмори, додаде Телеграф.