Британец се предал сам себеси во полицијата во Западен Сасекс за да избегне да поминува повеќе време со луѓето со кои живее.

Човекот, чиј идентитет не беше откриен, во среда попладне доброволно ја прекинал својата условна казна предавајќи се на полицијата во Сасекс со надеж дека ќе добие малку „мир и тишина“.

Според полицијата човекот сам се предадел во полициската станица „Бургес Хил“, бил во притвор и се враќа назад во затвор.

pixabay

Психолозите известуваат за зголемување на бројот на луѓе кои доживуваат симптоми на постојан стрес, сличен на исцрпеност од работа, проследен со проблеми со спиење и концентрација, а многу луѓе се очајни за контакт со луѓе по неколкумесечна релативна или тотална изолација.

Враќањето во затвор се чини дека било попривлечно за овој човек отколку „соработката“ со други луѓе за време на карантините предизвикани од коронавирусот.

Мир и тишина! Човекот кој отслужуваше условна казна се предаде на тимот вчера попладне, откако не извести дека повеќе сака да се врати во затвор, отколку да поминува време со луѓето со кои живее! Тој е во притвор и се враќа во затвор за да одлежи уште некое време“, на својот твитер-профил напиша инспекторот Дарен Тејлор, од полицијата во Сасекс.

pixabay

Многу студии откриле дека пандемијата на коронавируси влијае на врските на луѓето со своите семејства и пријатели. Истражувањето од Универзитетот во Оксфорд откри дека нивоата на стрес, депресија и анксиозност кај родителите и негувателите се зголемиле со притисокот предизвикан од карантините.

Во април минатата година скоро една четвртина од паровите (23%) изјавиле дека имаат проблеми со своите партнери, а според истражувањето на добротворната организација „Relate“ карантините предизвикани од пандемијата направиле 15% од луѓето да сфатат дека треба да стават крај на нивната врска особено оние на возраст меѓу 25 и 34 години.

Минатата година барањата за развод се зголемиле за 300%, очигледно карантините и времето поминато дома натераа многумина да размислат за нивните односи.